Луис Енрике доби прашање за Мбапе, па со одговорот ги збуни новинарите

Килијан Мбапе и официјално на крајот од оваа сезона си заминува од ПСЖ и се чека само официјализација на неговиот потпис за Реал Мадрид. Самиот фудбалер откри дека ги игра последните натпревари за Светците, но не откри каде ќе ја продолжи кариерата, иако веќе сите знаат дека тоа ќе биде Кралскиот клуб.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, на прес-конференцијата пред мечот со Ница доби прашање токму на оваа тема, но неговиот одговор ги збуни новинарите.

„Денес врне дожд, но истовремено денот е многу убав бидејќи има посебен мирис во воздухот. Сакам дождливи денови, ме потсетуваат на мојот град, на Хихон. Мислам дека совршено одговорив на вашето прашање“, рече Луис Енрике.

- Оглас -

Најнови вести