Луис Енрике и раководството на Пари Сен Жермен планираат големи промени во составот по срамниот пораз со 3-0 од Челзи во финалето на Светското клупско првенство. Иако тимот оваа сезона ја освои Лигата на шампионите, разочарувањето од убедливиот пораз во завршницата предизвика радикална одлука – дури 11-мина фудбалери ќе си заминат.
Според информации на „Ле Паризиен“, тренерот Луис Енрике се откажал од следниве имиња: Милан Шкрињар, Норди Мукиеле, Карлос Солер, Марко Асенсио и Рандал Коло Муани.
Сите петмина биле испратени на позајмици минатата сезона и не успеаја да се наметнат за враќање во тимот.
Покрај нив, уште на петмина играчи им е соопштено дека може да си бараат нов клуб: Габриел Москардо, Лукас Ернандес, Лукас Бералдо, Канг-ин Ли и Гонсало Рамош.
Исто така, на листата на потенцијални заминувања е и голманот Џанлуиџи Донарума, чиј договор истекува во 2026 година. Засега нема напредок во преговорите за продолжување, па клубот размислува дали да го продаде ова лето или да го пушти како слободен агент. За него интерес веќе покажале Челзи, Манчестер јунајтед и Манчестер сити.