Луис Енрике ги шокирал играчите на Барселона пред финалето со Јувентус

На денешен ден пред пет години, Барселона го победи Јувентус со 3:1 во финалето од Лигата на шампиони. Финалето се играше во Берлин, а Каталонците на крајот стигнаа до најпосакуваниот трофеј во Европа. Иван Ракитиќ, Луис Суарес и Нејмар беа стрелци на головите за шампионот, а Алваро Мората беше стрелец на погодокот за Јувентус.

Таа сезона Барселона едноставно доминираше и успеа да ја освои тројната круна, а на чело на екипата беше Луис Енрике, за кого тоа беше прва сезона како предводник на гигантот од „Камп Ноу“. Енрике открива каква била подготовката пред финалето и како успеал да ги шокира и да ги збуни фудбалерите непосредно пред да почне дуелот.

„Одржав мотивациски говор, а потоа во шега ги прашав играчите, што е најлошото што може да ни се случи вечерва. Веднаш се јавија Дани Алвеш и Чави кои рекоа дека најлошо е ако не игрме на нашето препознатливо ниво и стилот на игра. Тогаш ги прекинав двајцата и им реков „Најлошо вечерва што може да се случи е да сте играч на Јувентус и да играте против Барселона“. Фудбалерите најпрво беа во шок, но потоа ја сфатија шегата и се насмеаа.Тоа сигурно беше дополнителен мотив за нив“, открива Енрике.

https://youtu.be/JX00F1iZlsQ

 

- Оглас -

Најнови вести