Шпанија не напаѓаше со сите сили за да ја победи Германија, но сепак поведе со 1-0, и тоа со погодок на резервата Алваро Мората, кој даде гол само по 8 минути откако влезе во игра на местото на Феран Торес (момче на ќерката на шпанскиот селектор Луис Енрике).
Германија на СП во 1986 година последен пат одигра 0-0, а за нивна несреќа, им се заканува првпат во историјата да загубат три меча по ред на Мундијалите.
Панцерите и со пораз од Шпанија не се отпишани од битка за осминафиналето, но нема да зависат сами од себе и многу подобро би било за нив ако освојат барем бод, па во последното коло да бркаат победа за место меѓу 16-те најдобри.