Луис Енрике и Хакими се уверени: Ќе ја елиминираме Барселона!

Пари Сен Жермен на домашен терен загуби со 2:3 од Барселона во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите но од таборот на францускиот првак најавуваат дека нема предавање.

Тренерот на Светците, Луис Енрике, и еден од најискусните играчи Ахраш Хакими се уверени дека нивниот тим ќе игра во полуфиналето.

„Го анализиравме првиот меч и дефинитивно не заслуживме да загубиме. Ремито ќе беше најправеден резултат. Целосно сме уверени дека можеме да направиме пресврт и да ја победиме Барселона во реваншот. Моите играчи се многу мотивирани. Ќе биде поинаку во реваншот“, рече Енрике.

Хакими поради суспензија не играше на првиот меч, но сега е подготвен да се врати на теренот.

„Сакаме со победа да се вратиме во Париз. Не се плашиме од атмосферата затоа што навивачите не играат на теренот. Ова ќе биде дуел 11 на 11 и ништо нема да се смени иако се игра на стадионот на Барселона“, рече Хакими.

- Оглас -

Најнови вести