Џанлуиџи Донарума нема да биде дел од составот на ПСЖ кој ќе настапи на европскиот Супер куп против Тотенхем. Голманот веќе реагираше на социјалните мрежи, а објаснување даде и тренерот на Светците, Луис Енрике.
„Донарума не е во составот и тоа е моја одлука. Одговорноста за тоа е моја. Сакам поинаков голман и затоа ја донесов таа одлука. Донарума е еден од најдобрите голмани во светот“, беше коментарот на Луис Енрике во врска со отстранувањето на Италијанецот од екипата.
Договорот на италијанскиот голман со освојувачот на Лигата на шампионите истекува следното лето, па од ПСЖ инсистираа да ја продолжат соработката, но за помала плата, нешто што не беше прифатливо за Донарума.