Луис Енрике ќе биде нов тренер на клуб кој ќе атакува на титулата во Лигата на шампиони

Шпанскиот тренер Луис Енрике ќе биде нов предводник на Пари Сен Жермен во наредната сезона, пренесуваат неколку медиуми. Се очекува во најскоро време Енрике да допатува во Париз и да ги договори деталите.

Енрике остана без работа откако доби отказ од селекторското место во Шпанија по неочекуваната елиминација на Светското првенство во четвртфиналето од Мароко на пенали.

ПСЖ е во потрага по нов тренер, а откако стана јасно дека пропаднаа преговорите со Јирген Нагелсман, Енрике е првиот избор. Енрике во тренерската кариера бил предводник на Барселона, Селта Виго и Рома.

- Оглас -

Најнови вести