Луис Енрике: Мене Мбапе не ми кажал ништо, ни дека си оди, ни дека останува во ПСЖ

Се шират шпекулации дека Килијан Мбапе веќе одлучил да си оди од Пари Сен Жермен по завршувањето на сезонава, само чека вистински момент кога јавно ќе го каже тоа, а тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, вели дека не знае ништо за иднината на Мбапе.

Новинарите го прашаа Шпанецот дали знае нешто во врска со одлуката на Мбапе.

„Не. Можам и на француски да ви преведам“, се пошегува Енрике бидејќи сите во салата добро го разбраа краткиот одговор кој беше „No“ на шпански.

„Не ни кажал дека си оди, ниту дека останува. Не гледам кој како ги прославува головите, однесувањето му е перфектно. Среќен сум што Мбапе е дел од мојот тим, може да игра како деветка и како крило. Не ми е важно дали играчите ги слават головите или не“, додаде Енрике.

- Оглас -

Најнови вести