Луис Енрике: Најдобриот тим што сум го тренирал беше Барса Б!

Тренерот на европскиот шампион ПСЖ, Луис Енрике, ужива во победите и трофеите со париските Светци, вакво искуство имаше и пред десет години во Барселона, а кога го прашаа кој е најдобриот тим со кој што работел, даде изненадувачки одговор. Сите чекаа да одбере меѓу Барса од 2015 и актуелниот тим на ПСЖ, но Енрике со доза на хумор покажа дека е носталгичар.

„Најдобриот тим што некогаш сум го тренирал, тимот што најмногу ми се допадна, беше Барселона Б. Бев таму три години. Тоа беа моите први три години како тренер. Тоа беше тимот во кој се чувствував најудобно, оној со кој најмногу научив, оној во кој најмногу можев да го развијам она што сакав да бидам како тренер без никакво искуство. Тој тим играше многу добар фудбал“, рече Енрике.

- Оглас -

Најнови вести