Луис Енрике не е расположен за разговор: „Не знам ништо!“ (Видео)

Сапуницата наречена Барселона и Чави Ернандес продолжува и потанатаму, а денес свое продолжение имаше и во Франција. Тренерот најави дека си заминува, па се предомисли, а сега пред отказ, откако неговите изјави за шпанските медиуми не му се допаднаа на претседателот на „каталонците“, Лапорта.

Веќе започнаа и шпекулациите за негов наследник, а прва желба на раководството на Барселона е тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, кој и не беше баш расположен за разговор на оваа тема.

„Не знам ништо на таа тема. Следам само француски телевизии. Опседнат сум со француските ТВ емисии. Не знам ништо што се случува надвор од Франција.“ – рече Луис Енрике и ја напушти прес-конференцијата.

https://twitter.com/TheChips_Futbol/status/1792184677568069640?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1792184677568069640%7Ctwgr%5Efba6f282cd2c6a09166786d10b96bc67f00ce1ff%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fbarcelona-psg-luis-enrique-xavi-hernandez-komentar%2F474807

- Оглас -

Најнови вести