26.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Луис Енрике: Ние не сме губитници, губитник е…

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, само што помисли дека неговиот тим е непобедив и дека без проблем ќе го добие финалето на Светското клупско првенство, по поразот од 0-3 против Челзи ги загуби нервите, влезе во конфронтација со противничкиот играч Жоао Педро, кого дури и го удри.

Шпанецот се обиде да го намали значењето на неговиот срамен потег, но призна дека реагирал непромислено.

„Немам проблем да признаам како се чувствував по натпреварот под таков притисок. Сите сме под стрес. Невозможно е целосно да се избегне тоа. Сите беа вклучени. Не е најдоброто нешто, но е резултат на големиот притисок што доаѓа со ваков натпревар. Го видов тренерот на Челзи, Енцо Мареска, и тој ги туркаше другите. Моравме да ги разделиме играчите, не знам точно од каде започна сè. Но, ова се ситуации што сите треба да ги избегнуваме. Мојата намера беше да ги одвојам играчите за да не се влоши ситуацијата“, рече Енрике.

И покрај тешкиот пораз во финалето, Енрике не се смета себеси и својот тим за губитници.

„Ние не сме губитници. Завршивме втори, ние сме вицешампиони. Губитник е некој што се откажува. Во спортот на толку високо ниво, нема губитници“, смета популарниот Лучо.

- Оглас -

Најнови вести