-4.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Луис Енрике се потсмеваше на предвидувањето на ChatGPT

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, реагираше со смеа на прашањето за предвидувањата за победникот од страна на ChatGPT пред финалето на францускиот Суперкуп против Олимпик Марсеј.

Утре во Катар, парижаните ќе се соочат со ривалот од југот на Франција во битка за трофејот. Фаворит според сите прогнози, па и според вештачката интелигенција е ПСЖ. Но, за Енрике тоа ништо не значи. 

„Никој не знае кој е фаворит. Минатата година ако го прашавте ChatGPT кој ќе ја освои Лигата на шампионите, ни тој, апсолутно никој не би рекол Пари Сен Жермен. Мора да бидете внимателни за да разберете за што е способен ChatGPT. Сепак ова е финале“, рече Енрике.

- Оглас -

Најнови вести