Поранешното Светско клупско првенство, со воведување на новото, го доби името Интерконтинентален куп, а вечерва ќе биде познат и вториот финалист во ова натпреварување.
ПСЖ како освојувач на Лигата на шампионите има директно место во финалето, а противник ќе им бида најдобрата екипа од остатокот на светот. Во единственото полуфинале вечерва играат Пирамидс од Египет и Фламенго од Бразил, а тренерот на „светците“ си има желба за противник во борбата за трофејот.
„Би играл против Пирамидс. Не ги познавам, но сигурно дека можат да нѐ победат. Не го сакам Фламенго, ги гледавме на Светското клупско првенство летоска. Одлична екипа се, со квалитетни и искусни фудбалери и одличен тренер.“ – рече Луис Енрике.
Сепак, и покрај желбата на Шпанецот, квотите велат дека екипата од Бразил е голем фаворит на овој меч.


