Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, не се согласува со тврдењата дека неговиот тим е фаворит во двомечот против Ливерпул од четвртфиналето во Лига на шампиони.
„Имаме убави спомени од минатата година, но ова ќе биде сосема поинаков натпревар. Се сеќавам дека тогаш Ливерпул беше најдобриот тим во Европа во оваа фаза од турнирот – беа на неверојатно ниво. Нивниот менаџер Арне Слот зборуваше одлични работи за ПСЖ, какви што ретко кој ги кажува. Тоа ни даде дополнителен мотив и остана како убав спомен.
Ќе биде вистински класик, ако можам така да кажам. Сега нè сметаат за фаворити? Задоволен сум од таа оценка, но реално – не ни значи ништо. Навикнати сме на такви работи. Често велам дека барам баланс околу тимот. Кога ќе нè прогласат за фаворити, моја задача е да ја задржам контролата во соблекувалната.
Имам среќа што работам со фантастичен тим и интелигентни играчи кои знаат дека во вакви мечеви нема фаворити. Има само два тима кои знаат како да играат големи натпревари. Очекувам вистински спектакл“, изјави Енрике на прес-конференцијата пред дуелот со Ница во Лига 1.

