Луис Енрике со најсмешното објаснување како изгледа кога се игра фудбал без публика

Луис Енрике, легендарниот шпански фудбалер, а сега селектор на Црвената фурија, вели дека многу тажно делувало гледањето на фудбалските мечеви во Германија без присуство на публика. Поради пандемијата од корона-вирусот, низ целиот свет средбите се играат пред празни трибини. Тоа значи дека и шпанските екипи кои се подготвуваат за продолжување на средбите во Примера ќе мора да се навикнат на дуели без публика.

Според Енрике, играњето фудбал без публика е потажно дури и од танцување со сопствената сестра.

„Тоа е навистина грдо, потажно е и од танцување со сопствената сестра. Ги гледав мечевите од германската лига и навистина тажно беше кога се слушаат навредите кои се слушаат на теренот. Сепак, мора да се разбере дека се работи за бизнис кој генерира многу пари, иако, секако, спектакл е кога на трибините има и навивачи. Ако го сакате спортот, тогаш секако ќе ви биде интересно гледањето на натпреварите“, вели Енрике.

- Оглас -

Најнови вести