Луис Енрике: „Целта на ПСЖ е да ги освои сите трофеи оваа сезона“

Фудбалерите на ПСЖ во дербито на колото го победија второпласираниот Олимпик Марсеј и сега имаат неверојатни +19 поени предност на осум кола пред крајот. Лесно може да се случи уште пред крајот на март или на почетокот на април и теоретски да ја освојат титулата од Лига 1.

„Ова беше одлична недела за нас. Дербито секогаш ги мотивира фудбалерите и мислам дека приредивме шоу. Секој тренер се труди правилно да ги нареди коцките. По натпревар како оној против Ливерпул во Лигата на шампионите имавме шанса да го играме француското класико и тоа нѐ одржуваше. Многу сум задоволен од мојата екипа и поддршката од нашите навивачи. Нашата цел е да ја освоиме Лига 1, да ги освоиме сите можни трофеи. Тоа е нашата цел. Свесни сме за огромниот предизвик со кој се соочуваме“, рече тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

- Оглас -

Најнови вести