Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, по натпреварот на неговите избраници против Јапонија (1:2),изјави дека не калкулирал со играта и резултатот, како и дека не го следел и текот на вториот натпревар во групата Е меѓу Германија и Костарика (4:2), но на социјалните мрежи се појави видео кое го покажува спротивното, односно дека во таборот на Фуријата го знаеле резултатот од другиот меч.
Шпанија на крајот загуби со 2:1 ѝ и го препушти првото место во групата Е на Јапонија и со тоа ги избегна Хрватска во осминафиналето и евентуално Бразил во четвртфиналето.
Во случај Шпанија да израмнеше против Јапонија, тогаш Фуријата ќе го освоеше првото место во групата, а втора ќе беше Германија, која на крајот и покрај победата над Костарика, испадна најголем губитник. Во случај на победата на Костарика, тогаш оваа селекција ќе играше во осминафиналето наместо Шпанија.
Поради тоа, на социјалните мрежи, со поголем број на фудбалски фанови веруваат во теорија на завера, односно „местенка“, дека Шпанија намерно загубила од Јапонија.
„Стравував од испаѓање, бидејќи сум видел буквално се во фудбалот. Сакавме да ги искористиме нашите шанси, но… Не го знаев резултатот на вториот натпревар се до крајот на нашиот дуел“, рече Енрике на прес-конференцијата по натпреварот.
Но, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Коке од клупата за резервни играчи им сугерира на соиграчите на теренот дека Германија во тие моменти повела со 3:2 против Костарика и тие се сигурни на второто место.
@adricontreras4 Koke y Eric informan a sus compañeros del gol de Alemania (3-2)