Сменетиот селектор на Шпанија, Луис Енрике, сè уште не може да се помири со елиминацијата од Мароко во осминафиналето на Мундијалот во Катар и вели дека ниту еден полуфиналист не е подобар од Црвената фурија.
Во завршницата што ќе се игра денеска и утре од 20 часот останаа Хрватска и Аргентина и Франција и Мароко.
„Ми е жал што утнавме голема шанса да бидеме светски прваци. Кога ќе ги погледнам полуфиналистите, не гледам дека некој е подобар од нас. Би сакал во ваква ситуација да победи Аргентина, најмногу заради Лионел Меси. Заслужува конечно да биде светски шампион“, изјави Енрике.
https://twitter.com/DAZN_ES/status/1602410776257564685?s=20&t=eUIrhvDmaxQsspTLhtbcpA
Тој претрпе огромни критики по елиминацијата во осминафиналето, со забелешка дека форсирал досадна игра во формација без класичен шпиц и со лажна деветка, стратегија што ривалите лесно ја прочитаа.
По завршување на шпанската одисеја во Катар, Енрике беше сменет, а нов селектор на Црвената фурија е Луис де ла Фуенте.