Екипата на ПСЖ со победата од 0-3 на гостински терен против Ремс се искачи на лидерската позиција во француската Лига 1 и конечно ја мина Ница. “Светците“ до победата дојдоа со хет-трикот на Килијан Мбапе, но тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, на прес-конференцијата после натпреварот рече дека не е задоволен од настапот на неговиот најдобар фудбалер.
– “Не сум среќен со настапот на Килијан. Немам што да кажам за головите, но можеше да и помогне на екипата и на друг начин. Прво со него ќе разговарам за тоа. Нема да ви кажувам за што се работи, тоа е приватна работа.“ – рече Луис Енрике.
Килијан Мбапе со денешниот хет-трик стигна до 13 голови после 12-тото коло на француското првенство.