Пари Сен Жермен покажа зошто е актуелен европски првак и на свој терен со 2:0 славеше против гигантот Ливерпул. По мечот, тренерот на Светците, Луис Енрике беше задоволен од победата, но по малку беше и разочаран што триумфот не е поубедлив. Тоа е и нормална реакција, ако се знае дека францускиот првак постојано доминираше на теренот, напаѓаше, создаваше шанси, додека противникот не упати ниту еден удар во рамките на голот на домаќините.
„Одигравме фантастичен меч пред нашите навивачи и криво ми е што заврши само 2:0. Одигравме одлично и едноставно заслуживме да постигнеме повеќе голови. Ова е Лига на шампиони и среќни сме, но знаеме дека ни следува и реванш. Без разлика што сега ќе одиме на гости, нашата цел ќе биде иста, а тоа е да победиме и таму. Реваншот ќе го играме на еден историски стадион и затоа треба да бидеме максимално подготвени“, рече Енрике по победата на ПСЖ против Ливерпул.
Реваншот ќе се игра на 14 април.

