Луис Енрике знае дека го чека тежок предизвик: Ќе играме против една од најсилните екипи во светот

Пари Сен Жермен сака на европската круна да го додаде и приматот за најдобар клуб во светот. Сепак, голем е предизвикот за Светците, кои вечерва ќе играат против Баерн Минхен во четвртфиналето на Светското клупско првенство.

Интересно е дека Баерн сезонава веќе го има победено ПСЖ и тоа со 1:0 во меч од групната фаза од Лига на шампиони. Со таа победа во ноември минатата година, Баерн само ја продолжи низата од четири триумфи по ред против ПСЖ. На сите тие четири средби, ПСЖ нема дадено ниту еден гол.

„Веќе игравме против Баерн Минхен сезонава. Ова ќе биде меч меѓу два тима кои играат офанзивен фудбал. Сигурен сум дека навивачите ќе уживаат. Нашата цел е да одиме до крајот на овој турнир“, рече Енрике, кој додаде дека не размислува на овој меч како за реванш против баварскиот гигант, затоа што се работи за сосема поинакво натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести