Луис Хамилтон на најважната пол-позицијата во Формула 1

Луис Хамилтон имаше најдобро време на квалификациите во Монте Карло, а тоа е огромна предност во однос на ривалите во Формула 1, бидејќи на патеката низ улиците на малото кнежевство нема простор за претекнување, па светскиот првак има добра прилика да слави на утрешната трка, доколку не направи некој голема грешка.

Зад Хамилтон се најде неговиот клупски колега Валтери Ботас. Иако во Монте Карло силата на болидите не игра пресудна улога, туку важна е и умешноста на пилотите, сепак тимот на Мерцедес кој ги доби сите трки досега, и утре може да ја продолжи невидената доминација. Зад двата Мерцедеси, ќе стартуваат Макс Верстапен и Себастијан Фетел, и тука некаде се затвора кругот на кандидати за победа на трката за големата награда на Монако.

Како потсетување, во Sport Life уште помалку од една недела трае Типстер Купот (30 мај), а потоа најдобрите типстери ќе се пласираат во финалето, каде ќе се борат за освојување на главната премија, автомобил „Пежо 308“. Сезонава веќе беше доделен еден ваков автомобил, а заврши во Кочани.

 

- Оглас -

Најнови вести