Британскиот Формула 1 пилот, Луис Хамилтон, и официјално од полноќ е нов член на тимот Скудерија Ферари.
Договорот на седумкратниот шампион со Мерцедес истекуваше на полноќ, а од денеска веќе е пилот на италијанскиот тим.
Хамилтон за Мерцедес возеше од 2013 година, на 246 трки имаше 84 победи, 78 пол-позиции, 153 подиуми, осум титули кај конструкторите и шест лични шампионски титули. Тој во Ферари ќе му биде партнер на Шарл Леклер.
Карлос Саинс досега беше возач на Ферари во сезоната 2024, се пресели во Вилијамс.