Луис Хамилтон ќе вози во болидот на Мерцедес до 2023 година, откако утрово го стави потписот на нов двегодишен договор. Британецот кој има 36 години освои шест од неговите седум титули со тимот во кој е од 2012 година, кога се приклучи на Мекларен Мерцедес.
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) July 3, 2021
Возачот кој доминира во најбрзиот спорт во светот, оваа сезона ќе има голем предизвик да стигне до рекордната осма титула светски првак, затоа што болидите на Ред Бул сега се многу поконкурентни, а тоа с епотврдува и со фактот дека лидер во генералниот пласман моментно е Макс Верстапен со 156 бодови, пред Хамилтон кој има 138 и Серхио Перес со 96 бодови.
Потписот на Хамилтон со Мерцедес доаѓа само неколку часа пред стартот на квалификациите за Големата награда на Австрија. Според квотите во Sport Life, Верстапен е фаворит за освојување на пол-позицијата, а Хамилтон е веднаш зад него.