Манчестер сити со убедливи 3-0 го совлада Арсенал во дербито од заостанатото 29-то коло во Премиер лигата. Граѓаните без поголеми проблеми ги решија Топчиите, избраниците на Пеп Гвардиола имаа голема помош од Давид Луис во освојувањето на трите бода.
Мирно беше на „Етихад“ до 47-мата минута од првото полувреме, кога Луис киксна и му овозможи на Стерлинг сигурна шанса за гол, а овој не прости и заби за 1-0. Бразилскиот дефанзивец во 50-тата минута од вториот дел го заврши мечот откако доби директен црвен картон за направен пенал врз Марез, а Де Бројне зголеми на 2-0.
Конечниот резултат го постави младиот Фоден во првата минута од судиското надополнување.
https://streamvi.com/watch/1592428016