Барселона е во голгетерска криза по повредата на Луис Суарес, за кого се најавуваше дека нема да игра четири месеци, но информациите од Каталонија велат дека закрепнувањето на Уругваецот оди побрзо од предвиденото, па тој би можело да заигра во април, за полуфиналето од Лигата на шампионите, доколку Барса стигне до таа фаза.
Суарес се повреди во полуфиналето на Суперкупот во јануари и еден месец е надвор од теренот. Но, наместо уште три, би можело да паузира само уште два месеца. Тој е важен играч за Барселона, има 14 гола на 23 средби и позитивна вест е што го виделе како оди без помош на патерици. Ако навистина се врати во април, би можело да биде од голема помош во битката за титулата во Шпанија (би ги играл последните четири кола), можеби и во ЛШ. Дотогаш тимот ќе мора да се снаоѓа и веројатно ќе купат еден напаѓач како привремено решение.