Луис Суарес е подготвен да му плати на Гремио за да оди во Интер Мајами

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарес е подготвен на се, само за да ја добие слободата и да се пресели во Интер Мајами. Тој има уште една година од договорот со бразилскиот Гремио, но и висока откупна клаузула.

Суарес сега е подготвен на Гремио да му ја исплати платата која би ја заработил до крајот на договорот, плус дополнителен бонус само за да добие зелено светло да си оди од клубот и повторно да игра во тандем со Лео Меси, овојпат во Интер Мајами.

Луис Суарес и Лео Меси шест години играа заедно во Барселона, а сега сака да му се приклучи на аргентинецот, но и на Бускетс и Алба, во Интер Мајами и повторно да играат во иста екипа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести