Луис Суарес: Ливерпул ги има најдобрите навивачи во светот

Луис Суарес, напаѓачот на Барселона, во следниот период ќе биде немоќен да им помогне на своите соиграчи во трката за освојување трофеи. Суарес се повреди и му следува подолга пауза, па каталонскиот гигант ќе мора без Суарес да го продолжи походот во вториот дел од сезоната.

Низ кариерата, напаѓачот помина три години во Ливерпул. Играше на „Енфилд роуд“ во период од 2011 до 2014 година. Како што самиот вели, тоа е период во кој зад себе ги имал најдобрите навивачи во светот.

„Според мене, на многу малку места во светот може да го видиш тоа што навивачите константно го прават пред да започне дуелот на „Енфилд роуд“. Навивачите многу ги сакаат фудбалерите. Според мене, Ливерпул ги има најдобрите фанови во светот“, рече Суарес.

Уругваецот со Ливерпул не освои титула во Премиер лигата, но токму сега тој тим е главен кандидат за освојување на трофејот во англиската Премиер лига. Ливерпул има 21 победа и едно реми во 22 меча досега и со 64 од максималните 66 бодови, ова е рекорден старт на една сезона. Вечерва избраниците на Јирген Клоп ќе гостуваат кај Вулверхемптон.

 

- Оглас -

Најнови вести