Луис Суарес се сретна со својот идол

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарес, на социјалните мрежи се пофали со фотографија на која тој е заедно со Бернардо Ромео, некогашниот голгетер на аргентински Сан Лоренцо. Суарес како дете навивал за Сан Лоренцо, а причина бил Ромео.

Некогашниот фудбалер сега е низ Европа, посетува тренинзи на многу клубови, па додека престојуваше во Барселона, Суарес не сакаше да ја пропушти шансата да се слика со него и да му каже дека го обожувал.

Вратата на Сан Лоренцо за Суарес секогаш е отворена, порачаа од клубот. Којзнае, можеби еден ден, при крајот на кариерата, уругвајскиот „пиштолџија“ ќе го облече дресот на неговиот омилен аргентински клуб.

- Оглас -

Најнови вести