Еден од најдобрите уругвајски фудбалери на сите времиња, Луис Суарез, се претвори во херој во својата земја и тоа не поради некој постигнат гол на фудбалски меч.
Суарез кој е на одмор во родната земја, заедно со сопругата Софија и полицајците успеа да убеди еден 49-годишен маж да не врши самоубиство, и така драмата која траела дри 18 часови, доби среќен крај. Човекот кој се заканувал дека ќе си го одземе животот со бесење, бил качен на дрво високо 6 метри и имал јаже околу вратот. Велел дека ќе се скокне и обеси ако не дојде неговата партнерка.
Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, а сега на Интер Мајами, му се доближил на човекот кој истотака се викал Луис, разговарал со него, и го убедил дека не треба да се самоубие.
This weekend in Uruguay, Luis Suarez and partner Sofi Balbi helped to talk down a man threatening to take his life. The pair were out walking on holiday and helped the emergency services.#FCBarcelona #AtleticoMadrid #InterMiamiCF pic.twitter.com/2vI4TJW5U3
— Football España (@footballespana_) January 6, 2025