Луис Суарес е три години без постигнат гол на гости во ЛШ

Барселона дефинитивно е во резултатска криза, откако на последните три меча во домашното првенство освои само два бода. И покрај оваа негативна серија, Каталонците се први во Примера дивисион, а имаат и три бода од еден меч во Лигата на шампионите.

Каталонскиот гигант утревечер ќе гостува кај Тотенхем, во еден од најинтересните дуели од второто коло во елитната лига на УЕФА. Во Барселона се надеваат дека на ова гостување ќе биде прекината една неверојатна црна серија на Луис Суарес.

Уругвајскиот напаѓач повеќе од три години нема постигнато ниту еден гол во Лигата на шампионите на гостински терен. Последен пат тоа се случи на 16-ти септември 2015 година, кога Суарес со глава даде гол во ремито (1-1) против Рома на „Олимпико“.

Од тој меч против Рома, Суарес за Барселона на гостински терен играше против БАТЕ Борисов, Арсенал, Атлетико Мадрид, Борусија Менхенгладбах, Манчестер сити, Селтик, ПСЖ, Јувентус, Спортинг Лисабон, Олимпијакос, Јувентус, Челзи и Рома. Тоа се вкупно 13 меча на гости на кои Суарес не се израдувал. Уругваецот е во очајна форма, а дека полека се враќа, ќе докаже само доколку даде гол против Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести