Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез, не ја исклучува можноста за враќање во репрезентацијата на Уругвај за Светското првенство ова лето.
Ветеранот во интервју за уругвајското издание „Диарио Овасион“ изјави дека никогаш нема да ѝ го сврти грбот на својата земја, и покрај тоа што се пензионираше од репрезентативниот тим во 2024 година.
„Националниот тим не се одбива. Се ближи Светското првенство, ако им требам… што ќе правам? Никогаш нема да ѝ кажам не на мојата земја, никогаш нема да кажам не“, рече 39-годишниот Суарез.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид ја завршува својата кариера во репрезентацијата на Уругвај во септември 2024 година, пензионирајќи како стрелец број 1 на сите времиња со 69 гола на 143 натпревари во период од 17 години.
„Се повлеков од репрезентацијата за да им отстапам место на другите играчи и затоа што чувствував дека дојде моментот кога повеќе нема да бидам корисен за тимот. Ако им требам, никогаш нема да ги одбијам. Тоа е невозможно – сè додека сè уште играм, сè додека сум сè уште активен“, додаде Уругваецот.
Уругвај е во група со Капо Верде (Зеленортски острови), Шпанија и Саудиска Арабија.

