Уругвајскиот напаѓач Луис Суарес по Мундијалот во Катар, ќе го напушти својот клуб Насионал и ќе се пресели во Лос Анџелес галакси.
„Канибалот“ ја прифатил понудата од американскиот клуб и по СП се сели во МЛС-лигата.
Можеби трансферот на Суарес во МЛС-лигата ќе биде магнет и за неговиот пријател Лионел Меси, за кого исто така опција е преселба во САД, но откако ќе му истече договорот со ПСЖ во јуни 2023 и доколку реши да не се врати во Барселона.