Лука Дончиќ доби потврда од Лос Анџелес, ќе игра на Европското првенство

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе биде дел од репрезентацијата на претстојното Европско првенство. Без разлика на тоа што го смени тимот за време на сезоната, Лука остана посветен на националниот тим, што беше познато и претходно, а сега го потврди и претседателот на Кошаркарската федерација на Словенија, Матеј Ерјавец.

„Пред две минути имав состанок со Роб Пелинка, кој ми рече: ‘Ќе го добиете Лука и еден тренер, и тоа е сè’. Воопшто не се дискутираше дали ќе учествува“, изјави Ерјавец во разговор за „РТВ Сло“.

Словенија се наоѓа во групата „Д“, која ќе се игра во Полска, а покрај домаќинот и Словенија, во оваа група се и Исланд, Франција, Белгија и Израел.

- Оглас -

Најнови вести