Лука Дончиќ е цар – Со нов трипл-дабл стаса до феноменален подвиг (Видео+Фото)

Лука Дончиќ имаше нова блескава партија во дресот на Далас маверикс и успеа да постигне нов трипл-дабл со 27 поени, 12 скока и 10 асистенции во победата од 112:85 против Мемфис гризлис.

Гостите славеа убедливо, а Словенецот направи невиден клупски подвиг. Во клупската историја на Далас сите кошаркари заедно забележале вкупно 80 трипл-дабл ефекти, а од ноќеска половина, или 40 се во сопственост на Лука Дончиќ.

https://twitter.com/NBA/status/1482218691886559234?s=20

Лука го одигра 226-от меч во НБА, а побрзо од него до 40 трипл-дабли стасал само легендарниот Оскар Робертсон, по само 92 натпревари.

Резултати: Шарлот – Орландо 109:116, Детроит – Торонто 103:87, Индијана – Феникс 94:112, Филаделфија – Бостон 111:99, Чикаго – Голден стејт 96:138, Мајами – Атланта 124:118, Сан Антонио – Кливленд 109:114, Мемфис – Далас 85: 112, Сакраменто -Хјустон 126:114. 

- Оглас -

Најнови вести