Лука Дончиќ ја запроси својата девојка Анамарија (Фото)

Словенечката кошаркарска мега ѕвезда, Лука Дончиќ, ја побара за жена својата долгогодишна девојка Анамарија Голтес.

Ѕвездата на Далас маверикс го одбра Блед во Словенија како место каде ќе ја запроси Анамарија, а датумот 7 јули не случајно беше избран, тие двајца својата љубовна врска ја почнале на тој датум.

Дончиќ кој има 24 години и Анамарија која има 25 години, од деца се заедно, а имаат и заеднички дом во Далас. Многу познати спортисти, меѓу кои и Леброн Џејмс и Тибо Куртоа, им честитаа на Лука и Анамарија преку Инстаграм.

- Оглас -

Најнови вести