33.8 C
Skopje
недела, 10 август 2025

Лука Дончиќ ќе заработи огромно богатство за новиот договор со ЛА лејкерс

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе потпише нов тригодишен договор со Лос Анџелес лејкерс, јавува реномираниот „ЕСПН“. Договорот ќе биде официјализиран на 2 август, кога ќе поминат точно шест месеци од неговиот спектакуларен трансфер во франшизата од Калифорнија.

Новата соработка ќе изнесува вкупно 165 милиони долари и ќе вклучува играчка опција за сезоната 2028/29, што го прави Дончиќ еден од најплатените кошаркари во НБА.

По разочарувачкиот настап на ЛА лејкерс во плејофот оваа сезона, раководството активно работи на реконструкција на тимот, а словенечкиот ас ќе има клучна улога во таа трансформација. Со заминувањето на Леброн Џејмс на повидок, Лука треба да стане новото лице на франшизата и водилка во потрагата по нов шампионски прстен.

Дончиќ досега има одиграно 33 натпревари во дресот на Лејкерс, со просек од 28,5 поени, 7,9 скокови и 7,3 асистенции по меч – бројки што ја потврдуваат неговата елитна класа.

Следниот предизвик за 25-годишниот кошаркар е настапот на претстојниот Евробаскет, по кој се очекува целосно да се посвети на новата НБА сезона. Од ЛА лејкерс веруваат дека со Дончиќ како лидер, тимот повторно може да се врати на самиот врв.

- Оглас -

Најнови вести