Лука Дончиќ во моментов се наоѓа на подготовки со репрезентацијата на Словенија во пресрет на Европското првенство, но пред хотелот во Љубљана пристигна богата пратка за него.
Словенецот се поднови со чудо од автомобил, вреден околу два милиони евра. Се работи за електричен автомобил Rimac Nevera, кој се произведува во Хрватска, а има неверојатни перформанси.
Овој ѕвер од автомобил забрзува до 100 километри на час за само 1,8 секунди, на 200 км/ч за помалку од пет секунди, а за помалку од 10 секунди достигнува брзина од 300 км/ч.
Максималната брзина му е 400 километри на час, која може да ја достигне за 21 секунда.