Лука Јовиќ продолжува со блескавите игри во дресот на Ајнтрахт Франкфурт. Српскиот интернационалец даде гол во ремито против лидерот Борусија Дортмунд, а тој погодок му донесе и место во историјата на Бундес лигата.
Голгетерот на Ајнтрахт постигнува гол на секои 97 минути во просек, што е најдобар просек за играч кој има одиграно барем 20 меча во германското првенство. Во 56-годишната историја на Бундес лигата имало многу големи ѕвезди, но ниту еден претходно не успеал да има ваков просек.
Со овој рекорд Јовиќ уште еднаш покажа зошто е еден играчите за кого се интересираат големи европски екипи.