Ај

Лука Јовиќ е голгетер каков што не се појавил претходно во Бундес лигата

Лука Јовиќ продолжува со блескавите игри во дресот на Ајнтрахт Франкфурт. Српскиот интернационалец даде гол во ремито против лидерот Борусија Дортмунд, а тој погодок му донесе и место во историјата на Бундес лигата.

Голгетерот на Ајнтрахт постигнува гол на секои 97 минути во просек, што е најдобар просек за играч кој има одиграно барем 20 меча во германското првенство. Во 56-годишната историја на Бундес лигата имало многу големи ѕвезди, но ниту еден претходно не успеал да има ваков просек.

Со овој рекорд Јовиќ уште еднаш покажа зошто е еден играчите за кого се интересираат големи европски екипи.

- Оглас -

Најнови вести