Лука Јовиќ не само што нема да ја напушти Европа, туку ќе се врати во Шпанија

Едно од најголемите промашувања во историјата на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, откако стана јасно дека Милан нема да му го продолжи договорот и ќе го ослободи од обврските на крајот од месецов.

Иако беше најавено дека Србинот може да ја напушти Европа и да потпише за мексиканскиот Круз Азул или бразилскиот Ботафого, сепак на негова адреса има понуди и од Монца и од Бетис, а изборот на фудбалерот е да се врати во Шпанија.

Зелено-белите се покажаа како одлична средина за фудбалерите кои беа „избркани“ од нивните екипи, па веројатно и тоа е една од причините зошто Јовиќ сака да потпише за Бетис и следната сезона да настапува во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести