28.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Лука Јовиќ со изненадувачки трансфер, познато е колкава плата ќе зема во Атина

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ беше во преговори со новиот шпански прволигаш Овиедо, но сепак реши да потпише двегодишен договор со атински АЕК.

Јовиќ утрово ги мина лекарските тестови и сега на ред е официјалното потпишување со кое тој ќе стане играч на АЕК. Платата во АЕК на 27-годишниот Јовиќ ќе му биде помала од таа што ја земаше во Милан, се согласи на годишна заработка од 2,5 милиони евра.

Тренер на АЕК е Марко Николиќ, српски стручњак кој во минатото во два различни мандати седеше на клупата на Партизан.

- Оглас -

Најнови вести