Лука Карабатиќ објави крај на блескавата репрезентативна кариера

Двојниот светски и европски шампион, како и олимписки првак со ракометната репрезентација на Франција, Лука Карабатиќ (36), објави крај на својата меѓународна кариера која траеше 14 години и во кои за националниот тим одигра 172-пати.

Лука, кој цела деценија е член на клубот Пари Сен Жермен, а специјалист е за игра во одбрана, рече дека идејата да се повлече ја добил уште пред Светското првенство кое се одигра во јануари.

„Минатата сезона, кога брат ми Никола објави крај на кариерата во францускиот тим, ме натера да размислувам. Тогаш почнав да се прашувам: „А, ти Лука, каде си? Во ноември сфатив дека многу познати лица со кои сум играл повеќе ги нема. Ова ме натера да се преиспитам уште повеќе. По неуспехот на Олимписките игри, не сакав да завршам со горчлива нота. Тогаш донесов одлука да играм и на СП. Уживав во ова последно натпреварување за мене. Не ја освоивме титулата, но медалот сепак има посебен шарм. Подготовките ги започнавме во Стразбур, мојот роден град, а продолживме во Хрватска, земјата на моите предци. Овие коинциденции го зајакнаа моето верување дека е вистинско време да се повлечам. Многу сум горд на белегот што го оставив во францускиот тим“, објасни Карабатиќ.

- Оглас -

Најнови вести