Лука „Кршачот на глуждови“ Дончиќ го посрамоти турскиот „бејби Јокиќ“ (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс остварија многу важна победа против Хјустон со 104-98 и ја направија уште поинтересна борбата за плејоф во Западната конференција на НБА-лигата.

Одлучувачки фактори беа резервите Доријан Фини-Смит и Гејб Винсент, кои постигнаа по 20 поени. Лука Дончиќ исто така мечот го заврши со 20 поени, имаше и шест скока и девет асистенции, а поради еден потег доби нов прекар – Лука „Кршач на глуждови“ Дончиќ!

На 1.15 минути до крајот на втората четвртина, Словенецот со дриблинг го „седна“ на земја Алперен Шенѓун, популарниот Бејби Јокиќ, наседна на финта, изгуби рамнотежа и падна. Турчинот има одлична сезона, беше олстар, важи за еден од најдобрите дефанзивци и затоа овој потег на Дончиќ воодушеви многумина.

Леброн Џејмс постигна 16 поени и осум скока, но имаше и многу важна блокада во финишот со која придонесе за триумфот на Езерџиите.

Оклахома Сити тандер по вторпат сезонава има серија од 10 победи по ред, а во победнички ритам е и Бостон, кој има девет победи едноподруго. Добар е и ЛА Клиперс со осум победи на последните десет меча.

Резултати: Шарлот – Јута 110:106, Индијана – Сакраменто 111:109, Вашингтон – Мајами 94:120, Орландо – ЛА клиперс 87:96, Мемфис – Бостон 103:117, Оклахома – Чикаго 145:117, Далас – Бруклин 109:113, ЛА лејкерс – Хјустон 104:98.

LUKA DONCIC ANKLE BREAKER pic.twitter.com/tyeebRFeJE

- Оглас -

Најнови вести