Лука Модриќ дефинитивно ја игра последната сезона во Реал

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ и дефинитивно ја игра последната сезона во дресот на Реал Мадрид, објави весникот „Спорт“.

Според весникот, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес одлучил да не му дозволи на Модриќ да си замине во јануари, да ја доигра сезоната и по истекот на актуелниот договор, да не му понуди нов.

Модриќ до минатата сезона беше неизоставен дел од првиот тим на Кралевите, но сезоната најчесто мечевите ги започнува од клупата за резервни играчи поради што се почесто јавно го изразува своето незадоволство.

Лука Модриќ во Реал Мадрид пристигна во 2012 година од Тотенхем и во 11 сезони како член на Кралевите освои се што можеше да се освои, пет титули во ЛШ, трипати победи во Ла Лига, двапати во шпанскиот Кралски куп, четирипати во европскиот Суперкуп и петпати победи на Светското клупско првенство.

Досега за Реал Мадрид одигра 506 натпревари на кои даде 37 гола и има 79 аситенции.

- Оглас -

Најнови вести