Лука Модриќ е опседнат со Манчестер Сити!

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ се здоби со повреда на првенствениот дуел против Жирона и нема да игра на следните два првенствени натпревари, како и во финалето од шпанскиот Куп. Под знак прашалник е доведен и неговиот настап против Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Модриќ, напорно тренира се со цел што побрзо да се врати на фудбалските терени, а негова опсесија е дуелот против Манчестер Сити и се е фрлено на таа коцка. Дуелот Реал Мадрид – Манчестер Сити ќе се одигра на 9-ти Мај.

Кус коментар околу повредата на Модриќ имаше и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

– “Излезе со мала повреда против Жирона. Се опоравува и се надевам дека ќе биде подготвен за финалето на Купот. Тоа е фудбалот и се може да се случи. Многу не боли повредата на Модриќ.“

- Оглас -

Најнови вести