Лука Модриќ и официјално стана најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид

Лука Модриќ и официјално стана најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, со оглед на тоа дека трофејот од Суперкупот е вкупно 27-ми за него во дресот на Кралевите. Хрватот досега беше израмнет на врвот со Начо Фернандес со по 26 трофеи, но по заминувањето на поранешниот капитен, Модриќ сега остана сам на врвот од листата со најтрофејни фудбалери на Реал.

Модриќ во 2012 година направи трансфер од Тотенхем во Реал Мадрид и за овие 12 години успеа да освои шест трофеи од Лигата на шампионите, по пет во шпанскиот Суперкуп, Светското клупско првенство и европскиот Суперкуп, четирипати ја освои Ла Лига, додека два трофеи има од Купот на кралот.

- Оглас -

Најнови вести