Хрватската ѕвезда Лука Модриќ по Светското првенство би можел да се врати во Загреб и да ја заврши карирата во Динамо. Ова го тврди италијанскиот новинар Пјетро Балзано Прота, специјализиран за Милан, кој објави информација за можно враќање на Лука Модриќ во Динамо Загреб.
Според негови извори, хрватскиот шампион го „испитува теренот“ за доведување на капитенот на хрватската репрезентација по Светското првенство, кога ќе му истече договорот со Милан.
Главната врска во целата приказна е претседателот на Динамо, Звонимир Бобан. Познато е дека Звоне Бобан е идол на Лука Модриќ, што и претходно го мотивирало капитенот на Коцкестите да се пресели во Милан. Фактот дека Бобан е легенда на Росонерите би можел да биде клучен фактор во преговорите.
Ова не е прв обид на Динамо да го врати својот поранешен играч. Имаше слични обиди, вклучително и на почетокот на оваа сезона, но Лука Модриќ тогаш се одлучи за трансфер во Милан, што се покажа како исправна одлука. Иако има 40 години, тој е неизоставен дел од тимот кој се бори за титулата во италијанската Серија А.
Во Динамо се надеваат дека кај капитенот сè уште постои желба за враќање на „Максимир“, стадионот чиј помошен терен го носи токму негово име.

