Дончиќ може се – Играше само пола час, а даде 39-ка за победа од 50 поени разлика (Видео)

Далас маверикс го декласира Портланд трејлблејзерс со 50 поени разлика, 128:78 и за првпат по цели 11 години ќе има предност во плејоф серија, односно на стартот на доигрувањето во НБА ќе играат еден меч повеќе на домашен терен.

Блескаше неверојатниот Лука Дончиќ со учинок од 39 поени, 11 скока и 7 асистенции, а играше само половина час, односно три четвртини.

Со Дончиќ како лидер, Маверикс го обезбедија најмалку четвртото место во регуларниот дел од сезоната во НБА, а имаат шанси да бидат и трети.

Масивен пресврт ноќеска направи Торонто репторс и успеа да го победи Хјустон рокитс со 117.115, иако губеа во еден момент и со 24 поени разлика.

Гери Трент јуниор ги постигна победничките поени во самиот финиш и Репторс го осигураа петтото место на Истокот.

Резултати: Детроит – Милвоки 101:131, Вапингтон – Њујорк 92:114, Бруклин – Кливленд 118:107, Торонто – Хјустон 117:115, Чикаго – Шарлот 117:133, Мајами – Атланта 113:109, Далас – Портланд 128:78, Јута – Феникс 105:111, Л.А. Лејкерс – Оклахома 120:101.

 

- Оглас -

Најнови вести