Хрватска поведе со 1-0 против Италија, и ја смени ситуацијата во групата во која засега само Шпанија е сигурен осминафиналист.
Лука Модриќ доби шанса од пенал да им донесе предност на Коцкестите, но беше прочитан од Џиџи Донарума. Сепак, само 33 секунди подоцна, капитенот на Хрватска даде гол од игра и се извади за грешката, па од трагичар се претвори во јунак.
Модриќ со 38 години и 289 дена, е највозрасниот фудбалер кој постигнал гол на меч од Европско првенство. Третото место на оваа вечна листа е Горан Пандев, кој на ЕП во 2021 година против Австрија погоди кога имаше 37 години и 321 ден. Втор е Ивица Вастиќ од Австрија со 38 години и 257 дена.
Доколку Хрватите ја победат Италија, одат во осминафинале како втори од својата група и во нокаут фазата за противник ќе ја имаат Швајцарија.
Luka Modric scores a goal a minute after missing a penalty. Winner’s mentality🔝#CROITA #EURO2024 #EURO #Croatia #Italy #Azzurri #CroatiaItalia
— Euro 2024 Out Of Context (@Euro24Ooc) June 24, 2024